Содржина
По години излегување, Зои (Џенифер Лопез) одлучува дека чекањето на вистинскиот трае предолго. Одлучена да стане мајка, таа кова план и одлучува тоа да го стори сама. Тој ден, Зои го сретнува Стен (Алекс Олохлин) - маж со реални можности. „Резервен план“ е комедија која ги истражува излегувањето на состаноци, љубовта, бракот и семејството „по обратен редослед“. По повеќе години излегување, Зои (Џенифер Лопез) одлучува дека предолго го чека вистинскиот. Решена да стане мајка, таа кова план и одлучува да го стори тоа сама. На истиот ден, Зои го сретнува Стен (Алекс Олохлин), маж до реални можности. Во обид да изгради стабилна врска и да ги скрие раните знаци на бременост, ова станува комедија на грешки за Зои и создава збунувачки сигнали за Стен. Кога Зои нервозно ја открива причината за своето непредвидливо однесување, Стен ја потврдува својата посветеност. Никогаш порано љубовта нема видено додворување со див секс во кој се вклучени тројца во креветот - Стен, Зои и неизбежното ” огромно перниче за трудници. Или пак „состанок“ кој се состои од присуство на пораѓање во вода на некој кој е речиси непознат, што прдизвикува чувство слично на она на пливачите во филмот „Ајкула“. Вистинскиот тест за бременост пристигнува кога и двајцата сфаќаат дека навистина не се познаваат еден со друг, надвор од хормоналниот хаос и подготовките за пораѓање. Деветте месеци полека истекуваат, а двајцата стануваат нервозни. Секој може да се вљуби, да стапи во брак и да има бебе, но да се прави тоа наназад може да биде доказ дека тие двајца се создадени еден за друг.