Оваа серија на ЕЈЧ-БИ-ОУ следи поранешен професионален бејзбол играч кој се враќа во својот роден град на Југот да се вработи како заменик наставник по физичко образование.
"Кени Пауерс " е последниот проект излезен од златната Гери Санчез продукција на комедии на Вил Ферел и Адам Мекеј, која била лансирана од FunnyOrDie.com. Во главните улоги се Дени Мекбрајд (Делириум Експрес), Кети Микстон (Четири Божиќи), Џон Хокс (Мртво дрво) и многу други талентирани комедијанти, Кени Пауерс беше напишана од Мекбрајд, заедно со двајца негови пријатели од филмското училиште: Џоди Хил и Бен Бест. Новата комична серија беше снимена во Северна Каролина, а вклучува и неколку појавувања од Ферел како локален дилер на возила со чудесна коса.