Зејнеп верува дека има среќен дом и брак без проблеми, но нејзиниот сопруг всушност ја изневерува со нејзината блиска пријателка и сосетка Мелтем. Еден ден, Зејнеп, нејзиниот сопруг Ахмет, нивниот син Џан и ќерката Елиф патуваат со автомобил заедно со Мелтем. Кога прават пауза на една бензинска станица, сите излегуваат од автомобилот, а на Џан му даваат задача да внимава на Елиф. Но, кога се враќаат, Елиф не е во колата. Животот на Зејнеп и на целото семејство ќе се претвори во кошмар поради исчезнувањето на Елиф. Поминуваат години, а Зејнеп никако не престанува да ја бара ќерка си, дури и кога и полицијата и целото семејство ќе изгубат надеж. По некое време, полицијата губи надеж дека девојчето ќе биде пронајдено живо и има намера да го затвори случајот, но Синан, човекот којшто ја води истрагата, не го дозволува тоа. Со тек на време, истражувајќи го случајот, Синан почнува емотивно да се поврзува со Зејнеп. Како минуваат годините, таа негова поврзаност се претвора во голема љубов. Уште од првиот миг кога го запознава Синан, Зејнеп верува дека тој ќе успее да ја најде нејзината ќерка. Во петте години по киднапирањето на Елиф, Зејнеп губи сè. Прво почнува да и’ се распаѓа бракот, којшто однадвор изгледа совршено. Со секој ден што изминува, нејзиниот син Џан сè повеќе се оддалечува и станува интровертен. Зејнеп открива дека нејзината најдобра пријателка Мелтем и нејзиниот маж имаат врска. Зејнеп и Ахмет се разведуваат. Ахмет добива многу добра понуда за работа и почнува да работи во една голема болница во Истанбул. Поради влошувањето на нејзиното ментално здравје, Зејнеп му го предава старателството над Џан на Ахмет, верувајќи дека тоа е подобро за Џан. Ахмет успева да го отстрани Синан од истрагата, бидејќи не му се допаѓа тоа што тој минува време со Зејнеп. Синан влегува во расправија со својот шеф поради неговите инсинуации во врска со Зејнеп, доаѓа до тепачка и Синан ја губи работата. Тој сепак продолжува да трага по Елиф, користејќи сопствени ресурси, и останува покрај Зејнеп...

Беше на каналите:

Kanal5  

Препораки
  • Плачот на виолината (2007)

    image
    Хусеин Кенан е чувствителен и талентиран музичар кој се обидува да ја надмине болката која животот му ја нанел. Неговото детство е обележано со самоубиството на...
  • Аси (2007)

    image
    Снажна прича о љубави чије остварење пријече утези прошлости. Заслужује епитет једне од најбољих турских серија. У причи о новој аристокрацији, љубави према земљи...
  • Момците од Медисон (2007)

    image
    Сместен во 60-тите во Њујорк, „Момците од Медисон“ ја истражуваат гламурозната и од его движената „златна епоха“ на рекламите, каде што секој продава нешто и...
  • Призори из брачног живота (2002)

    image
    Драмска серија редитеља Данила Вукотиќа у којој главе улоге играју Милица Милша, Марко Живиќ, Милан Чучиловиќ...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.