Содржина
Кошмар од вселената што доаѓа од фантазијата на Х. П. Ловкрафт и од култниот режисер Ричард Стенли. Приказната ги следи Нејтан Гарденер (Николас Кејџ), Тереза Гарденер (Џоели Ричардсон) и нивните три деца (Медлин Артур, Бренден Мејер и Џулијан Хилијард), чие неодамнешно враќање на руралниот живот го нарушува падот на метеорит пред нивната куќа. Се чини дека мистериозниот аеролит се растопил во земјата и ја заразува почвата и сè околу неа. Почнуваат да 'ртат мутантни форми обоена флора, а животните бизарно се деформираат. Гарденерови сфаќаат дека и тие се подложни на вонземските патогени и мораат да избегаат од заразниот облак што ја зафаќа нивната фарма. Со помош на нивниот пријател хидролог (Елиот Најт) и ексцентричниот сосед (Томи Чонг), семејството започнува битка против нејасен ентитет што едвај го разбираат. Кои се шансите на неколку човечки суштества против сила способна да го надмине јазот помеѓу световите, суштества од кошмарите што постојат над границите на човечкиот спектар?