Содржина
Ален Рене им оддава почест на тројца влијателни француски режисери: Жорж Мелие, Марсел Л’Ербие и Ерик Ромер со овој весел филм за среќата и моќта на фантазијата. Филмот е поделен во три паралелни наративи. Првиот дел се одвива околу првата деценија на 20 век во Ардените, каде што војводата Форбек ги прикажува дизајните на неговиот архитект за утописки град. Во модерниот приказ на оваа приказна, една група професори, кои сега го населуваат замокот на Форбек, бараат нов вид образование преку користењето на фантазијата, под туторство на гуруто по има Гуарини. Третиот дел прикажува вагнеровски пејзаж на кралеви и змејови што произлегува од фантазијата на децата на еден дел од професорите во училиштето.