Содржина
Рејчел поради работа мора да замине од Њујорк за да ја процени вредноста на својата омилена библиотека во едно мало гратче во Калифорнија, што сака да ја купи еден нејзин клиент за да ја претвори во одморалиште. При посетата на библиотеката, таа налетува на Џејк, писател кој истражува за својата нова книга за еден легендарен пират и за неговото изгубено богатство. Џејк одлучува да ѝ помогне на библиотекарката да ја спаси библиотеката, иако и онака има полни раце работа затоа што внуката и внукот му се оставени на чување. Наскоро Рејчел се зближува со Џејк и сфаќа колку е битна библиотеката за оваа мала заедница, па одлучува да им помогне да ја спасат.