Содржина
Мајкл и неговиот партнер Ричард се берзански посредници вработени во компанија што се занимава со трговија на кафе. Цената на кафето нагло паѓа и тие треба бргу да се ослободат од залихите. Но тоа не е единствениот проблем кој му задава главоболки на Мајкл. За да се ожени со новата партнерка Шарлота, тој најпрво треба да се разведе од сопругата Патриша, која е лекарка и која веќе 13 години живее во џунглите во Јужна Америка, каде што ги лечи домородците. Затоа Мајкл доаѓа во џунглата...