Содржина
Том Стопард, сценаристот награден со Оскар за филмот „Заљубениот Шекспир“ ни ја донесува приказната заснована на истоимениот роман на Дебора Могак.
Во Амстердам во 17. век, младата Софија се мажи за богатиот трговец Корнелис Сандворт. Во тоа време било вообичаено богатите граѓани да направат нарачка на семеен портрет, па така Корнелис и Софија му позираат на младиот сиромашен уметник Јан Ван Лос. Софија и Јан започнуваат страсна љубовна врска и прават план да побегнат. Но за тоа им се потребни пари, а тие во тоа време во Амстердам можеле да се заработат со неверојатната трговија со лалиња, кога еден единствен цвет се продавал десетпати поскапо од просечната годишна плата...