Содржина
Петгодишниот Сару се губи во возот што го носи илјадници километри низ Индија, далеку од домот и семејството. Тој мора да научи да преживува сам во Калкута, пред на крајот да биде посвоен од австралиска двојка. Дваесет и пет години подоцна, вооружен со само неколку спомени, но и со својата непоколеблива решеност и револуционерната технологија за карти на Гугл, тој тргнува во потрага по изгубеното семејство и конечно се враќа во родниот дом.