Содржина
Саша Барон Коен го носи својот казахстански новинарски лик Борат Сагдиев на големото платно за првпат. Оставајќи го својот роден Казахстан, Борат патува во Америка за да сними документарец. Додека крстосува низ нацијата, Борат среќава вистински луѓе во вистински ситуации со хистерични последици. Неговото простачко однесување предизвикува силни реакции кај околината, откривајќи ги предрасудите и дволичноста во американската култура. Во некои случаи луѓето што Борат ги интервјуира ги прифаќаат неговите шокантни погледи за расизмот и сексот, согласувајќи се со него, додека пак други се обидуваат да му понудат патриотска лекција за западните вредности.