Содржина
Триесетгодишниот Елиот поголемиот дел од својот живот го поминал на селидби од место до место. Кога еден ден дознава дека неговиот пријател од младоста Метју умира од рак, Елиот одлучува да се врати за да биде покрај него. На погребот среќава двајца пријатели на починатиот пријател, Греј и Лили. Тројката нови пријатели мотивирани од големата загуба и неправда што го снашла Метју, ја земаат урната со неговата пепел и заминуваат за Мексико. Патувајќи со урната на пријателот, оваа тројка ќе се соочи со сите свои стравови, вредности и смисла на живот.