Содржина
Приказна за преобразбата на една млада писателка кога минатото ѝ навлегува во сегашноста. Присилена да се соочи со тешките сеќавања и да донесе храбри одлуки, таа на крајот ги победува своите демони.
Дејството на филмот „Девојката во книгата“ се одвива во бурниот свет на издаваштвото во Њујорк и ја прикажува Алиса Харви (Емили ван Камп), ќерка на еден моќен книжевен агент, која е заглавена со работа како помлад уредник на книги додека се обидува да го совлада сопствениот недостиг од писателска инспирација. Кога од Алиса неочекувано се бара да управува со повторното издавање на бестселер романот врз основа на инцидентите од нејзиниот живот, авторот на книгата (Мајкл Најквист) повторно влегува во него и ја отвора вратата за моќните сеќавања од нејзиното минато. Одејќи напред-назад низ минатото и сегашноста, Алиса мора да најде сила да се соочи со проблематичните настани што ги чувала скриени сите овие години и да донесе одлуки кои на крајот ќе ги отстранат нејзините демони. Алиа добива помош од својата најдобра пријателка и почнува да го наоѓа сопствениот глас, повторно да си верува себеси и да најде живот, љубов, како и да стане писателка каква што отсекогаш сакала да биде.