Содржина
Сите љубители на „Брзи и бесни“ - ќе се разбесните уште посилно! Бидејќи доаѓа филмот кој е пародија на планетарно популарниот „Брзи и бесни“! Полицаец Лукас Вајт се наоѓа на тајна задача и ѝ се придружува на бандата нелегални улични тркачи предводени од озлогласениот Вин Серенто. Тие се брзи, бесни и самоуверени! Планираат да ограбат опасен криминалец од Лос Анџелес, кој парите ги крие во центарот на градот. Бесни и упорни какви што се, тие ќе направат сѐ за да го остварат планот, а во тоа ќе им помогнат и фризираните коли и подмачканите мускули!