Содржина
Есента 1997 година еден многу познат донатор ѝ дава подарок од 50 милиони долари на галеријата „Грирсон“ во Калифорнија за да се врати дома најпознатата американска слика, „Мајката на Вислер“. Досега, ова битно уметничко дело било прикажано во „Мус Д'Орсеј“ во Париз, а луѓето од галеријата сакаат некој познат академик да ѝ даде тежина на церемонијата на отворањето, па ја канат англиската Кралска национална галерија да го испрати својот најдобар академик за да го набљудува процесот. Тоа е најголемата грешка што ја имаат направено. Но Британците не го испраќаат својот најголем академик. Наместо него, тие го испраќаат својот најомразен и најнеспособен вработен, во очајничкиот обид да го отстранат од своите животи. Името на вработениот е г. Бин, а 007 е неговиот коефициент на интелигенција и затоа сè што ќе допре се претвора во хаос. Филмот „Мистер Бин“, врз основа на ликот што го создаде и го глуми Роан Аткинсон, ја раскажува приказната за еден многу едноставен маж со добро средена фризура. Неколку дена по пристигнувањето во Лос Анџелес, Бин речиси целосно ги уништува бракот, кариерата и животот на својот домаќин Дејвид Лангли и неговите прекрасни жена и деца.
Прегледи
The movie begins with Bean as a security guard at an art... (Повеќе)