Содржина
Додека е на одмор во Лос Анџелес, Волтер, најголемиот обожавател на Мапетите на светот, неговиот брат Гери и девојката на Гери, Мери од Смолтаун, САД, го откриваат злобниот план на нафташкиот магнат Текс Ричмен да го урне театарот на Мапетите и да ја експлоатира скорооткриената нафта под поранешниот театар на Мапетите. За да соберат 10 милиони долари, кои се потребни за да се спаси театарот, Волтер, Мери и Гери му помагаат на Кермит повторно да ги соедини Мапетите кои веќе си заминале по своите патишта. Фази сега настапува во казиното Рино, во еден „трибјут-бенд“ наречен „Мопети“, Гица е моден уредник за големи конфекциски броеви во парискиот „Вог“, Ѕверот се учи да се справува со својот стрес во една клиника во Санта Барбара, а Гонзо е магнат за водоводна опрема.