Содржина
Мила и Ксавиер се хирурзи. Во брак се десет години и имаат две страсти, нивната меѓусебна љубов и љубовта кон нивната работа. Но, кога Мила неочекувано забременува, нивната врска е под закана, што се влошува поради пиењето на Ксавиер...
Мила и Ксавиер се познати хирурзи и со страст ја вршат својата работа, но се и лудо вљубени еден во друг во минатите 10 години. Тие секогаш се грижеле да ја зачуваат својата меѓусебна љубов и одбивале да ги зароби рутината на секојдневниот живот. Но, неочекуваната бременост на Мила, заедно со сѐ поголемиот притисок од работата во болницата, го тера Ксавиер да пие уште повеќе, па на крајот го суспендираат од работа. Соочувајќи се со сопствените демони, Ксавиер сѐ повеќе се оддалечува од Мила. Сепак, кога нивната врска е под сериозна закана, Ксавиер е подготвен да стори сѐ што треба за да ја врати Мила кај себе.