Содржина
Оригиналниот, класичен, празничен филм продолжува по пет години со Ралфи, Ренди, мајката и старецот. Овој пат, Ралфи се намерачува на една кола која случајно ја уништува пред да ја извади од паркингот на продавницата.
Приказните се нови, но духот е безвремен во ова урнебесно продолжение на омилената холивудска класика. Ралфи и неговите пријатели Флик и Шварц тукушто ќе наполнат 16 години, што значи само една работа за американскиот тинејџер, а Ралфи фрла око на една прекрасна кола (а да не ја заборавиме и девојката која оди со неа). За жал, тој ја уништува пред да успее да ја извади од паркингот на продавницата, а тој и неговите пријатели мораат да најдат работа за да платат за штетата. Во меѓувреме, старецот продолжува да ја води својата војна во предградијата, додека Ренди изигрува војник, а мајката трпеливо стои на страна за да го расчисти бојното поле.