Содржина
Кога најлошиот бебиситер на светот води три од најлошите деца на светот во незаборавна целовечерна авантура низ улиците на Њујорк, тешко може да се погоди кој ќе се врати дома здрав и прав.
Ноа (Џона Хил) не е бебиситер, но ќе направи сè за малку повеќе пари во својот паричник. Наскоро го најмуваат да чува три мали деца, но Ноа добива повик од својата девојка, која му ветува секс во замена за дрога. Очаен и запален, неодговорниот бебиситер ги става децата в кола и се упатува во неугледниот дел на градот. Пред да може Ноа добро да размисли, целата ноќ оди по ѓаволите, па тој бега од неколкумина опасни дилери на дрога, кои не се двоумат да пукаат во мали мети.