сезона: 3

епизода: 4 - CLOVIS

Содржина

ХБО ја прикажува премиерата на третата сезона од оваа хумористична серија, номинирана за наградата „Еми, создадена од Армандо Јанучи, која ни дава остар, сатиричен поглед во скриениот свет на политиката во Вашингтон.
Серијата „Потпретседателка го следи бурното секојдневие на потпретседателката Селина Мејер (Џулија Луис-Драјфус) и на урнебесен начин ни ја прикажува секојдневната политика преку втората највисока позиција во земјата. По откровението на крајот на втората сезона, дека претседателот нема да се кандидира за повторен избор, третата сезона почнува со Селина, која бара унапредување, додворувајќи им се на избирачите во Ајова при потпишувањето на нејзината нова книга со наслов „Некои нови почетоци. Наскоро, Селина и нејзиниот персонал се враќаат во Вашингтон за свадбата на Мајк и дознаваат дека секретарот за одбрана, Медокс, дал оставка, што на Селина ѝ овозможува да влезе во трката за претседателски кандидат во својата партија, против Медокс и нејзиниот непријател, воениот ветеран Дени Чанг.
Во 10-те епизоди од оваа сезона, Селина и нејзиниот персонал ќе постават канцеларија во Вашингтон за да истражат дали нејзината кандидатура има шанси и ќе патуваат во Силициумската Долина (за да соберат донации) и во Лондон (за да се сретнат со државници), додека Ејми и Ден се борат кој да биде менаџер на кампањата на Селина. Како и секогаш, потпретседателката ќе продолжи да покажува дека во Вашингтон дури и најбаналните одлуки можат да имаат огромно влијание со неочекувани и далекосежни последици.

Слики

ПотпретседателкаПотпретседателкаПотпретседателкаПотпретседателкаПотпретседателкаПотпретседателкаПотпретседателкаПотпретседателкаПотпретседателкаПотпретседателкаПотпретседателкаПотпретседателкаПотпретседателкаПотпретседателкаПотпретседателка

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Комшије (2015)

    image
    Из пера младе сценаристкиње Миле Машовиќ, а по идеји искусног редитеља Милана Караџиќа, стиже нам комедија "Комшије", забавна и лепршава студија о људским...
  • Државни посао (2012)

    image
    Окосница емисије су сатирични разговори измеѓу тројице актера, коментари који подсеќају на "Станд Уп" форму. У питању су кратки, духовити коментари и опаске на...
  • Неки бољи људи (2020)

    image
    „Неки бољи људи” породична је серија чије главне јунаке представљају чланови породице Урошевиќ и Граовац. Три генерације под једним кровом, у комшијским становима...
  • Камионџије д.о.о. (2020)

    image
    Баја је возач аутобуса. Приликом једне вожње у Бајин аутобус, као тајна контрола, уѓе Родољуб, нови власник аутотранспортног предузеќа у чијем власништву је тај...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.