Содржина
Номинираниот за Оскар Денис Вилнев („Пристигнување“, „Истребувач 2049“) го режира „Дина“, филмската адаптација на истоимениот бестселер на Френк Херберт. Митско и емотивно патување на херојот, „Дина“ ја раскажува приказната за Пол Атреидес, брилијантен и надарен млад човек роден со голема судбина која е поголема отколку што може да ја разбере и кој мора да отпатува на најопасната планета во универзумот за да ја обезбеди иднината на своето семејството и својот народ. Додека злобните сили силно се впуштаат во конфликт околу ексклузивното снабдување на планетата со најскапоцениот ресурс којшто постои – стока способна да го отклучи најголемиот потенцијал на човештвото – само оние кои можат да го надминат својот страв ќе преживеат.