Поранешната сенаторка, Селина Мејер (Џулија Луис-Драјфус) го прифаќа повикот да биде потпретседателка на САД. Работата не е таква кава што си ја замислувала, туку е онаква каква што ја предупредувале дека е. „Потпретседателка“ ги прикажува Мејер и нејзиниот кадар додека се обидуваат да ја постигнат својата цел и да остават траен белег без да се сопнат од секојдневните политички игри кои се одлика на Вашингтон. Потесниот круг на Мејер ги вклучува: нејзиниот шеф на кабинет, Ејми (Ана Кламски), долгогодишниот портпарол Мајк Меклинток (Мет Волш), десната рака и асистентот Гери (Тони Хејл) и секретарката Су (Сафи Бредшо). Тие сите се борат со Ден Еган (Рејд Скот) кој е амбициозен натрапник и со надмениот службеник за врски во Белата куќа, Џона (Тим Симонс). Комедијата е во режија на Армандо Јанучи, а сценаријата и снимањето ѝ се во импровизиран стил. „Потпретседателка“ е автентична серија, без да биде специфично биографска околу тоа како изгледа да се биде на чело на најмалку ефективната позиција во најмоќната администрација на светот.