сезона: 2
Содржина
За многумина, предградието претставува совршено скроен дел од рајот. Но, за една тинејџерка, која се сели од Њујорк во предградие, тоа претставува вистински пекол. Заборавете го чистилиштето, ова е лимбоградие, или барем така ѝ се чини на 16-годишната Теса, кога нејзиниот татко, Џорџ ги сели од нејзиниот сакан стан во Њујорк, во помалку урбаниот град Чатсвин. Џорџ полека дознава дека обидот да ја контролира својата ќерка полека ги влошува нивните заемни односи. Во оваа сезона, Џорџ се подготвува да го олабави својот однос и да каже „да“ и на Теса да ѝ даде простор за да открие дали Чатсвин е за нејзе. Додека Теса го дели времето помеѓу животот во Чатсвин и запознавањето на својата отуѓена мајка, која неочекувано се појавува, Џорџ почнува да добива синдром на „празно гнездо“. Дали можеби ова е совршеното време за исончаната, бујна и весела Далас да му се пушти на новиот самец Џорџ?
Во меѓувреме, (не)пријателките Далија и Теса, додека патуваат до градот и назад, се изненадени кога дознаваат дека имаат нешто заедничко, делејќи го времето помеѓу родителите. Но Теса најмногу ја изненадува тоа што, всушност, почнува да ѝ недостига Чатсвин, кога не е таму. И тоа многу. Најмногу ја изненадува лицето што ѝ недостига. Дали е можно Теса да се помирува со неочекуваните чувства што се развиле спрема определено лице спроти улицата? Но не, тоа не е Лиза. Додека Џорџ и Теса се поврзуваат околу можноста за нивните чудни партнери, можеби ќе сфатат и дека Чатсвин сепак би можел да им биде дом.