Беспрекорни тревници. Домаќински куќи. Големи усни. Операции на носови. Добредојдовте во предградијата, рајот за многумина. Но, за една тинејџерка од Њујорк, предградијата претставуваат уникатна верзија на пеколот. Заборавете на чистилиштето – ова е „Лимбоградие“. Со своите моторџиски чизми и голем ранец, 16-годишната Теса совршено се снаоѓа низ урбаната џунгла во која пораснала. Па, кога нејзиниот татко ја сели на подобро место, Теса доживува културен шок. Теса е градски пешак во свет каде мајките ги развозуваат сите во целосно натоварени џипови. Теса нема ништо од тоа. Таа пораснала само со својот татко и така ѝ се допаѓа животот. Дали Теса ќе ги промени предградијата или предградијата ќе ја променат неа? Дали ова двочлено семејство навистина има помалку од другите или е можно тие да имаат повеќе? „Лимбоградие“ е семејна комедија која бара од нас да не им судиме на нашите соседи ако не сме биле во нивната кожа.