poster

Третиот камен од Сонцето

3rd Rock from the Sun (1996)


Каде да се погледне
Емисијата не е достапна во државата

сезона: 2

епизода: 16

Содржина

Еден од најуспешните примери на фантастичен ситком жанр е серија за тим научници од далечна планета, на експедиција на планетата земја („Третиот камен од сонцето“). За не ги препознаат, вонземјаните преземаат облик на „типични“ земјани.
Откако презема човечки облик, тимот вонземјани кој се нарекува семејство Соломон, почнува да развива човечки чувства и карактерни слабости во првата сезона на фантастичната ситком серија, „Третиот камен од сонцето“. И покрај тешкотиите во прилагодувањето на нивните нови тела (прва работа, повеќе не си ги вртат главите наназад за да си ги лижат грбовите!), семејството Соломон веднаш тргнува на работа во својата разузнавачка мисија на земјата, во име на водачот на нивната родна планета, семоќниот „Голема џиновска глава“. „Високиот Командант“ Дик Соломон (Џон Литгоу) успева да најде работа како професор на колеџот „Пендлтон“, каде развива чудна привлечност кон својата колешка, д-р Мери Олбрајт (Џејн Кертин), која нема поим дека Дик е вонземјанин. Научниот гениј на тимот, Томи Соломон (Џозеф Гордон-Левит), средовечен вонземјанин заробен во телото на земјанин-адолесцент, мора да мине низ своите први детски болести и исто така почнува да излегува со една тинејџерка по име Аугуст (Шеј Астар). Воениот офицер, Сели Соломон (Кристен Џонсон) –кој однадвор е девојка, а однатре е којзнае што – одеднаш развива привлечност кон мажи и бара совет од саркастичната секретарка на Дик, Нина (Симба Кали). А откачениот член на вонземскиот екипаж, Хери Соломон (Френч Стјуарт) развива желба за пиење и други слични грешни задоволства. Иако имаат наредба да ги убијат сите луѓе кои може да дознаат за нивните вистински идентитети, семејството Соломон дознава дека не може да го стори тоа: земјаните можеби се досадни, заостанати идиоти, но се одлично друштво! Првата сезона завршува напнато (прва од многуте), кога „чаушите“ на родната планета на семејството Соломон одлучуваат дека тие не успеваат со нивната мисија и бараат тие да се вратат дома – а Дик одеднаш развива поделена личност! Во првата сезона на емитување, „Третиот камен од сонцето“ беше номинирана за неколку награди Еми, а Џон Литгоу ја зеде наградата за „најдобар главен актер во комична серија“.

Слики

Третиот камен од Сонцето

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Невоље с мистер Бином (1990)

    image
    Била је то велика шала када је Господин одлучио одабрати потпуно обичног, тихог и ни по чему посебног инжењера електротехнике са сјеверозапада Енглеске и даровати...
  • Мицкеy Моусе Цлубхоусе (2006)

    image
    Интерактивна серија у којој се сусреќете са познатим ликовима Мицкеy Моусе екипе. Замишљена као едукацијски програм у којем се млади гледатељ сам потиче на...
  • Пингвините од Мадагаскар (2008)

    image
    Во серијата настапуваат пингвините од филмот Мадагаскар, а главниот лик е: Капетанот, кој ја предводи пингвинската војска, воедно им помага на своите војници да...
  • Титани тинејџери, одиме! (2013)

    image
    Мали Титани Напред на комичан начин добијају увид у животе суперхероја. Глеаоци ќе коначно имати прилику да виде како живе суперхероји тинејџери. Мали Титани:...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.