Новата хумористична серија „Несигурна“, создадена од Иса Реј во која таа е и актерка, го прикажува пријателството на две современи црни жени, како и нивните непријатни искуства и луди авантури.
Авторката, сценаристка и ѕвезда Иса Реј го носи својот автентичен поглед на ХБО во оваа урнебесна нова хумористична серија во која најдобрите пријателки Иса (Реј) и Моли (Ивон Оржи) се снаоѓаат во своите професионални и интимни животи во Лос Анџелес, соочувајќи се со предизвиците од тоа што се две црни жени кои им пркосат на сите стереотипи. Иако Иса себеси се гледа како опасна раперка кога е сама пред огледалото, нејзиниот секојдневен жвот како „обична црна девојка“ во една образовна невладина организација изгледа далеку помалку моќно. На речиси 30 години, Иса започнува да ја преиспитува својата петгодишна врска со невработеното момче Лоренс (Џеј Елис) која изгледа дека не води никаде. Исто толку проблеми има и најдобрата пријателка на Иса, Моли, чиј професионален успех како добро платена адвокатка е во целосна спротивност со нејзиниот очаен љубовен живот. По еден неочекуван настан во текот на една вечер посветена на караоке, Иса одлучува да ја прифати својата похрабра страна, но дознава дека и покрај самодовербата во нејзините остри рими, да се биде помалку несигурна во секојдневниот живот не е баш толку лесно. Во текот на осумте епизоди од првата сезона, „Несигурна“ го истражува искуството на црните жени на суптилен, досетлив и автентичен начин додека Иса и Моли напредуваат кон тоа да ги си ги средат животите, обидувајќи се да добијат најмногу што можат.

Беше на каналите:

HBO3  HBO2  HBO  

Препораки
  • Бубалици (2007)

    image
    Ленард и Шелдон се цимери и брилијантни физичари. Тие се беспрекорни умови кои знаат како функционира вселената. Но, ова знаење не им помага во комуникацијата со...
  • Малата Каја (2019)

    image
    Abandoned by his wife, Nejat is lying to his daughter not to be upset. But as Kayra grows, these lies become unbearable. Nejat, who is trapped in the corner,...
  • Пријатели (1994)

    image
    Влезете во срцата и умовите на шест пријатели кои живеат во Њујорк додека тие ги истражуваат анксиозноста и апсурдноста на тоа да се биде вистински возрасен. Оваа...
  • Заљубљени нежења (2015)

    image
    Једна сасвим обична девојка добија понуду коју не може да одбије, да освоји најпожељнијег нежењу у граду, а потом и да га остави... И то за новац! Када...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.