Содржина
Програма за натпреварот по ораторство на д-р Мартин Лутер Кинг каде што младите луѓе подготвуваат и претставуваат говори што го одразуваат наследството на д-р Кинг и како влијае тоа врз нивните животи.
Секоја година стотици деца од градинка па до 12-то одделение учествуваат на Ораторскиот фестивал на Мартин Лутер Кинг во Окленд, возбудливо ораторско натпреварување каде што тие рецитираат поезија и држат говори, како објавени така и оригинални, инспирирани од животот и наследството на д-р Мартин Лутер Кинг Јуниор. „Ние сме сонот: Наследството на д-р Кинг“ е поглед во настанот каде што младите луѓе ги креваат своите гласови за проблемите со кои се соочуваат, а филмот претставува и портрет на уникатната заедница што ги слави и ги поддржува нив. Документарецот го прикажува Ораторскиот фестивал на Мартин Лутер Кинг во Окленд, Калифорнија – едно од многуте ораторски натпреварувања кои се одвиваат во заедниците ширум земјата – и ги следи учениците од училиштата од градот со месеци пред 40-тиот годишен фестивал додека ги вежбаат своите говори во училниците и во своите домови, надевајќи се на посакуваното место во финалето.