Содржина
Што држи едно семејство заедно? Режисерот Ник Касеветс повторн ја докажува својата сигурна рака со приказните за длабоки човечки чувства во овој инспиративен филм за едно семејство кое се обединува поради болеста не едно дете
Дали е во ред да се направи сѐ за да се спаси животот на едно дете? Камерон Дијаз („Нешто во врска со Мери“) ја игра мајката чија ќерка има дијагноза на смртоносна доза на леукемија. Во очаен обид да го спаси животот на својата прва ќерка (Абигејл Бреслин -- „Малата госпоѓица Сонце“, „Без резервации“), таа носи друга ќерка -- посебно зачната за да биде идеален донатор за својата постара сестра. Сега, по 11 години, второто дете минува низ серија операции, донации на крв, донации на коскена срж -- и сега на нејзината сестра ѝ треба бубрег. Дали е во ред мајка да побара една ќерка да жртвува толку многу за другата? Треба ли детето да може само да одлучува колку ќе жртвува за својата сестра?