Содржина
Во филмот се зборува за честите патувања на балетанот Рудолф Нурејев во Турција помеѓу 1980. и 1990. година. Нурејев ја сакал Турција поради врската со неговата татковина, Русија, која се до 1987. година не смеел да ја посети, после бегањето на запад во 1961. За филмот допринеле сведочењата на многу негови познаници од тој период, а посебно неговиот долгогодишен пријател, Јасемин Принсиоглу, кој со него работел на балетската претстава „Заспаната убавица“ во Истанбул.