Содржина
Матадор е епска приказна за Давид Ел Фанди Фандила и неговата борба да стане нај ценет светски матадор. Срцепарателните пречки и возбудливите успеси го драматизираат тригодишното патување на Ел Фанди низ Шпанија и Латинска Америка во историјата на борбата со бикови.
Ова Не е обична приказна за еден човек во потрага по славата. „Матадор“ е приказна за љубовта на синот кон семејството, публиката кон својот херој, народот кон културната традиција и парадоксалната љубов на матадорот кон ѕверот кој мора да го убие за да ја создаде својата уметност.
И додека Давид се бори да го пронајде своето место помеѓу најголемите матадори на Шпанија, од другата страна стојат оние кои го преиспитуваат местото на овој древен и брутален ритуал во модерниот свет.