Содржина
Амстердам, 1988. Детективот Лукас е одговорен за истрагата на мистериозната смрт на американската џез-легенда Чет Бејкер. Додека се впушта во душата на прочуениот трубач, Лукас треба да се соочи со сопствените демони и сеништа.
На 13 мај 1988 г., легендарниот џез-трубач Чет Бејкер е најден мртов на улицата под неговата хотелска соба во Амстердам. Детективот Лукас е одговорен за истрагата на неговата мистериозна смрт. Неговото истражување на последниот ден на Бејкер го води по темно музичко патување во кое се среќава со Сара, последната љубовница на Чет, неговиот верен пријател Сајмон и доктор Филгуд, чудниот обожавател на Чет. Нивните сведоштва откриваат живописен и комплексен приказ на еден шармантен и брилијантен музичар, но и измачена, грешна душа која се бори со комплексниот машки идентитет. Насилната манипулативна страна на Чет ја принудило неговата девојка да се отуѓи, факт што го прогонувал до гроб. Додека влегува во умот на прочуениот трубач, Лукас треба да се соочи со сопствените демони и сеништа.