Содржина
Откако го привлекуваат вниманието на медиумите и на полицијата поради тоа што случајно ја бутнале Кејт Мос во Темза за време на една ексклузивна забава, Едина и Петси се кријат на југот на Франција.
Соодветно на нивното филмско деби, Едина Монсун и Петси Стоун (Џенифер Сондерс и Џоана Ламли) сѐ уште зрачат со луксуз и гламур, живеејќи го животот на висока нога на којшто се навикнале, со шопинзи, пиење и клупски забави низ најексклузивните места во Лондон. Но, кога случајно ја туркаат Кејт Мос во Темза за време на една забава, Еди и Петси се заплеткуваат во медиумска бура поради незгодата со манекенката, па постојано ги бркаат упорните папараци. Бегајќи без скршен денар на француската ривиера, тие осмислуваат план за трајно да избегаат, но и да живеат на висока нога до крајот на животот!