Содржина
Врз основа на омилената класична приказна од Антоан де Сент Егзипери, оваа волшебна музичка приказна почнува кога еден пилот присилно слетува во пустината Сахара. Таму се спријателува со еден млад русокос принц од планетата Астероид Б-612.
Од Астериодиот Б-612... право во нашите срца. Омилената класика на Антоан де Сент Егзипери во која се зборува за невиноста и откривањето, пристигнува на малиот екран со своите нозе цврсто застанати на сахарскиот песок, со очите вперени кон ѕвездите и со духот силно летнат според песните на Алан Џеј Лернер и на Фредерик Лоу. Прекрасна е и приказната за пилотот кој е заробен во пустината и за едно изгубено дете од едно далечно место. Тие заедно споделуваат приказни кои забавуваат, шармираат и го допираат срцето. Сте добиле ли некогаш мудрост од лисица? Сте се грижеле ли некогаш за роза која е попосебна од сите други рози? Сте посетиле ли некогаш некој далечен и откачен крал? Сте сведочеле ли некогаш за танцот на некоја змија? Универзумот и животот се волшебни места кога ги споделувате со „Малиот принц“.