Содржина
Анимирана приказна за Бамби, младото еленче, кое на раѓање го нарекуваат Принц на Шумата. Како што расте Бамби, тоа се спријателува со другите животни и ги учи вештините потребни за да преживее, па дури и наоѓа љубов.
Класичната приказна на Феликс Солтер, „Бамби“, е основа за анимираниот филм на „Дизни“. Го следиме еленчето Бамби од раѓањето, преку раното детство каде што има разни доживувања со своите пријатели, зајакот Тампер и смрдливецот Флауер, па сѐ до трауматичната ненадејна смрт на мајката на Бамби, која ја убиваат ловци, како и неговото додворување со убавата срна Фелин и спасувањето на неговите пријатели за време на еден голем шумски пожар. На крајот го гледаме возрасниот Бамби, кој го зазема своето место како Принц на Шумата.