Содржина
Додека се наоѓа на тајна мисија во Африка, еден мал тим на морнарички „Фоки доаѓа до разузнавачки информации кои укажуваат на продажба на огромно количество ураниум. Тие не се подготвени за мисијата и немаат никаква поддршка, па мораат за помалку од 36 часа да се пробијат низ армијата на еден безмилосен моќник која ја заштитува тајната рударска операција скриена длабоко во шумите на Конго, со цел да се обезбеди ураниумот и да се разоткрие непознатиот купувач. Една од најголемите закани за Америка тукушто ќе си обезбеди шанса да стане вистинска нуклеарна сила, а само „Екипа 8 може да ја спречи.