Содржина
Филмот содржи досега невидени архивски снимки и ја раскажува нејзината трагична приказна со нејзини зборови. Ејми Вајнхаус почина на 27-годишна возраст, на 27 јули 2011 година, од труење со алкохол. Таа беше талент каков што се раѓа еднаш во генерација. Пишуваше песни и пееше од срце, оставајќи ја публиката воодушевена од нејзината магија. Трагично е што поради проблематичните врски, глобалниот успех и нестандардниот начин на живот под постојана лупа на медиумите, таа целосно емотивно се распадна...