Содржина
„Искачи се е биографски филм за легендарниот пејач и артист Џејмс Браун. Чедвик Босман го игра „Кумот на соул музиката, а филмот го прикажува животот на пејачот, од неговото детство и скромните почетоци во Џорџија до правењето кариера во која предизвикува револуција на музичката сцена со своите „заразни песни, хипнотички танцови потези и неверојатни настапи. Дополнително, филмот ги прикажува проблемите на Браун со законот и дрогата на врвот од неговата меѓународна слава.