Содржина
Дизниевите неодоливи кутренца што зборуваат, одат на авантура во филмот што ги носи на другата страна од светот, дури до древниот Египет. Со помош од новите егзотични пријатели, ова епско патување претставува вистинско кучешко задоволство.
Омилената кучешка филмска серија продолжува со делот што следи пет дрдорливи кутренца на нивното патување во Египет, во потрага по митскиот скапоцен камен што порано бил дел од богатството на Клеопатра. Откако дознаваат дека познатиот скапоцен камен Мачкино око е скриен некаде во Египет, Розбад, Бадербол, Би-дог, Мадбад и Буда одат во најголемата авантура од нивниот живот. Но, тие не се единствените што сакаат да го земат скапоцениот камен затоа што опасната мачка по име Убасти сака да ја искористи моќта на каменот за да добие предност во вечната војна помеѓу мачките и кучињата. Можеби со малку помош од пријателската камила по име Ками и на вештиот орангутан по име Баби, нашите четириножни херои ќе успеат први да го најдат Мачкиното око и да спречат вистинска катастрофа поради нарушување на рамнотежата во животинското царство.