Содржина
Двајца лондонци одлучуваат да запознаат жени преку јавување на оглас. Тие запознаваат две жени, кои ги користат огласите за да мамат мажи за пари, подароци и храна. Едниот веднаш сфаќа, но другиот е воодушевен од својата девојка.
На двете „излитени“ лондонки Далас и Попај им додеала играта со излегување на љубовни состаноци, па осмислуваат шема како да заработат од вниманието на мажите. Тие ставаат љубовен оглас, прифаќаат состаноци и ги мамат своите додворувачи за вечери, подароци и заеми на пари пред да ги откачат. Елиот и Оз се двајца осамени момци, кои првпат се осмелуваат да се јават на оглас за самци. Откако излегуваат со Далас и Попај неколку пати, на Елиот му текнува дека Далас го влече за нос. Тој го предупредува Оз дека жените можеби се обидуваат да ги насамарат, но Оз е многу вљубен во Попај. Попај ѝ кажува на Далас дека со Оз игра на поголем влог, но на крајот романсата се покажува како посилна од финансиските потреби.