Содржина
Последен ден е од училишната година и повеќемина средношколци од Бронкс се качуваат во градски автобус за да се упатат дома. Кога доаѓа летото и тие се чувствуваат послободни од обично, па овие разнолики деца („кул“ деца, отфрлените и сите други) се однесуваат како што само тинејџерите можат кога се меѓу своите врсници и се подалеку од своите авторитети. Несвесни за возрасните кои се во нивна близина (кои се доволно паметни или да се тргнат или сосема да се симнат од автобусот), тие озборуваат и се наситуваат, се фалат и малтретираат, се додворуваат и се доверуваат, разменуваат вистини и приказни и вербално и физички се спротивставуваат. Накусо, тие се такви какви што се, во клучен момент од своите животи кога притисоците и реалностите од животот како возрасни сѐ уште ги немаат претворено во нешто друго. Во текот на ова попладне, додека денот избледнува во ноќ и тие се збогуваат меѓусебно, а и со мал дел од своето детство, полека се откриваат сите нивни пријателства, ривалства, нетрпеливости и амбиции.