рејтинг: 6.7/10
Оценка на корисникот: 4.8/10
(10 гласови)

Содржина

Терминот „посебен однос“ е создаден од Премиерот Винстон Черчил. Тој термин ги означува особено блиските политички, дипломатски, културни и историски врски помеѓу Велика Британија и САД. Некои трансатлантски сојузи имале поголемо значење и биле со поличен карактер од други. Такви биле оние помеѓу Черчил и Френклин Рузвелт; Џон Ф. Кенеди и Харолд Мекмилан; Маргарет Тачер и Роналд Реган; и Тони Блер и Бил Клинтон. Барем за некое време.
Од сценаристот и продуцент на „Фрост/Никсон“ и „Кралицата“ и добитник на номинација за Оскар пристигнува силниот нов поглед врз човечката страна на битните светски водачи. Низ историјата, Претседателот на САД и британскиот Премиер секогаш имале посебни работни односи, а природните сојузници се зближуваат кога изборот на водачот на „Лабуристите“, Тони Блер носи политички сродна душа на Бил Клинтон на британското кормило. Блер, енергичниот млад државник и Клинтон, харизматичниот „постар брат“ заедно сонуваат да го скројат светот според прогресивен терк. Нивните сопруги, Хилари Клинтон и Чери Блер ја прават четворката која ги споделува идеологиите и личните симпатии. Клинтон му помага на Блер да склопи мир во Северна Ирска; Блер ја возвраќа услугата на Клинтон кога тој е нападнат поради скандалот со Левински. Но, врската е доведена во искушение поради кризата во Косово, кога Блер повикува на акција, а Клинтон има попрагматичен пристап. Додека Блер пркосно оди по својот пат, а Хилари прави сопствена кариера во политиката, Клинтон сфаќа дека Блер тукушто ќе навлезе во нова ера и во уште еден „посебен однос“ со новиот Претседател, Џорџ В. Буш.
„Ејч-Би-Оу Филмс“ ги претставува Мајкл Шин, Денис Квејд, Хоуп Дејвис и Хелен Мекрори во приказната за двајцата светски водачи кои склопија верно, но и бурно пријателство од политичка неопходност.

Слики

Посебен односПосебен односПосебен односПосебен односПосебен односПосебен односПосебен односПосебен односПосебен односПосебен односПосебен односПосебен однос

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Телохранителот на Линколн (2013)

    image
    Вистинска приказна за Абрахам Линколн и неговиот телохранител, американскиот маршал Ворд Хил Лемон.
  • Све је истина (2018)

    image
    Во 1613 г., Шекспир (Кенет Брана) е признат за најголем писател на своето време. Но се случува катастрофа кога неговиот познат театар „Глоуб“ ќе изгори до темел,...
  • Резервни делови (2015)

    image
    Филмот на режисерот Шон Мекнамара е извонреден спој на млади актери и искусни професионалци. „Резервни делови“ е вистинита приказна за четворица латиноамерикански...
  • Електрични живот Луја Вејна (2021)

    image
    Изванредна истинита прича о ексцентричном британском уметнику Луја Вејну, чије су разигране, понекад чак и психолошке слике помогле да се заувек промени...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.