Содржина
Клетвата преобразува едно згодно и арогантно младо момче во сѐ она што го мразел, во ова современо прераскажување на „Убавицата и ѕверот“. Седумнаесетгодишниот Кајл (Алекс Петифер) е разгален, плиткоумен и неверојатно популарен принц на своето средношколско кралство. Целосно обземен од својот физички изглед и надмен поради тоа, Кајл за своја најнова цел за понижување будалесто ја избира Кендра (Мери-Кејт Олсен), вештерка преправена во средношколка. Кендра не се обесхрабрува поради неговото сурово однесување, па решава да му одржи лекција, претворајќи го во некој што е непривлечен однадвор како што е и однатре. Тој има една година да најде некој што ќе погледне подлабоко од неговата надворешност и ќе го засака, или ќе остане „Ѕверко“ засекогаш. Линди (Ванеса Хјуџенс), неговата тивка соученичка, која воопшто ја нема забележано, можеби е неговата најдобра шанса да докаже дека љубовта никогаш не е грда.