Содржина
Во средината на 1990-те години, додека славниот Кјубрик го снима својот последен филм „Очи широко затворени“, ексцентричниот лондонски измамник и хомосексуалец Алан Конвеј ќе одлучи да ја искористи слабата присутност во медиумите на прочуениот режисер и лажно да се претставува како него. Благодарејќи на човечката наивност и желбата за слава, Конвеј со време почнува да мами и покрупни ѕверки.