Содржина
Галското селце, единственото место коешто сѐ уште му одолева на моќното Римско царство, се наоѓа во голема опасност. Кога римскиот собирач на данок не успева од Галите да добие пари, Јулиј Цезар лично доаѓа за да ги утврди причините поради кои галското селце сѐ уште ѝ одолева на неговата империја. Посебната волшебна напивка што ја подготвува нивниот друид им дава неверојатна сила којашто им помага во борбата со Римјаните. А Обеликс како мал паднал во котелот со напивката, па станал несовладлив. Римјаните сфаќаат дека клучот за нивната победа е во грабнување на друидот што ја спрема напивката заедно со моќниот Обеликс. Галите набргу остануваат без состојките потребни за подготвување на напивката, а обрачот на Римјаните се стега сѐ повеќе...