Содржина
Џени (Кери Малиган) е бистра 17-годишна девојка која има одличен успех во средно училиште и интензивно се подготвува за универзитетот во Оксфорд. Но наскоро се среќава со многу постариот Дејвид (Питер Сарсгард) со кого ќе започне бурна љубовна врска, притоа сфаќајќи дека не само што се вљубила во него, туку се вљубила и во неговиот животен стил, па соништата да оди на Оксфорд ќе бидат брзо заборавени. Сепак, таа ќе открие дека Дејвид не е толку совршен колку што изгледа на прв поглед, а ужасната тајна што ја чува ќе ја погоди повеќе отколку што може да очекува и ќе ја присили да се преиспита…