сезона: 1
Содржина
Автобусот што префрла затвореници од еден во друг затвор паѓа во заседа и четири затворенички успеваат да побегнат. Една од нив е Еленор Вилсон која е единствен очевидец на смртта на таткото на Кет. Кет и Лео бараат начин да ја пронајдат. Кет ѝ мести состанок на мајка си со нејзиниот шеф. Кет се согласува на својот поранешен сопруг Грег да му ја препушти заслугата за акцијата со автобусот со затвореници ако тој помогне да се фати Ели Вилсон и прикриениот агент кој ѝ помагал.