сезона: 3
епизода: 1 - NO ME GUSTA, MAMI
Содржина
Во првата сезона на оваа итра комедија, 16-годишната Теса се сели од својот сакан Њујорк во предградие на Чатсвин. Предградијата не се толку лоши, како што откриваат Теса и нејзиниот татко Џорџ, па со помош од пријателски настроените жители, тие двајца наоѓаат начин да го преживеат својот културен шок. Сепак, со текот на времето, Џорџ и Теса се претвораат во нешто за кое се имаат заколнато дека никогаш нема да станат тоа: жители на предградие.
Во почетокот на третата сезона, тие се наоѓаат во најпроблематичната ситуација во руралниот Чатсвин досега. По раскинувањето со Далас, Џорџ се обидува повторно да живее како самохран татко од предградие, додека Теса, која е оставена од својата мајка на почетокот од нејзината завршна година во средното училиште, повеќе нема интерес да се вклопи во средината. Таа и Џорџ повторно си ветуваат дека ќе живеат меѓу жителите на предградието без да станат како нив. Но силата на Чатствин да ги вовлече во себе е посилна отколку што очекуваат.
Во меѓувреме, семејството Шеј страда од „синдром на празно гнездо, откако Рајан заминува на факултет, и покрај тоа што Лиза е сѐ уште дома, додека Далас се справува со раскинувањето со Џорџ. Никој не страда повеќе заради раскинувањето од Далија (според самата Далија), на која ѝ недостига Таткото Алтман, па затоа таа ја развива својата караница со Теса. Добре дојдовте назад во „Лимбоградие!