Содржина
Линколн Лауд е 11-годишно момче кое живее со 10 сестри! Која е тајната на Линколн за да преживее во таа бучна средина? Тој секогаш има план. А со помош од најдобриот пријател Клајд, Линколн успева да се справи со сѐ што му прават сестрите.
Добре дојдовте во домот на Лори, Лени, Луна, Луан, Лин, Луси, Лана, Лола, Лиза, Лили и... Линколн Лауд! Како единствен брат во куќата што ја дели со пет постари и со пет помлади сестри, каде што има еден тоалет, животот знае да биде прилично луд. Од маскирања до експлозивни научни експерименти и до добивање совршено место во семејната екскурзија, не постои преголем проблем или премала спална соба за Линколн! А и покрај сите тие главоболки, тој не би сакал да живее поинаку. Која е неговата тајна за преживување на сето тоа? Тој секогаш има план. А со помош од најдобриот пријател Клајд, Линколн успева да се справи со сѐ што му прават сестрите.