сезона: 1
Содржина
„Десет мали црнци на Агата Кристи е најпродаваниот крими роман на сите времиња со сто милиони продадени примероци, а ова е првпат книгата да биде адаптирана во телевизиска серија. Годината е 1939, а Европа е на работ на војна. Десет странци со сомнително минато се повикани на островот Солџер, изолирана карпа во близина на брегот кај Девон, јужна Англија. Без конекција со копното и со мистериозно отсутни домаќини, секој од нив е обвинет за страшно злосторство. Кога ќе почнат да умираат сфаќаат дека убиецот е меѓу нив. Кој ќе преживее? И кој е убиецот?