сезона: 1
Содржина
„Рим“ е првата серија во копродукција помеѓу BBC и HBO, кои претходно ја копродуцираа познатата серија „Браќа по оружје“, која ја доби наградата „Еми“ во 2002, за „Најдобра мини серија“.
„Рим“, сагата за двајца вообичаени римски војници и нивните семејства, дава поглед врз раѓањето на Римската Империја, виден низ очите на обичните граѓани, како и историските личности како Јулије Цезар, Марко Антоние и првиот император на Рим, Октавијан. Ова е интимна драма за љубовта и предавството, господарите и робовите, сопрузите и сопругите, и отсликува фасцинантен и влијателен период од историјата – раѓањето на модерното општество какво што го знаеме денес – а публиката на еден жив начин ја носи во секојдневниот живот на Рим.