сезона: 1
Содржина
Драмската серија на HBO која се одвива во викторијански Лондон, следи група луѓе, повеќето жени, кои мистериозно добиваат магични способности. Познати како “Одбрани“ тие мора да најдат место за себе во строгото викторијанско општество.
Новата драмска серија на HBO, „Невозможно“ ќе дебитира овој април со шест епизоди на HBO а ќе биде достапна и на HBO GO. Во последните години на владеењето на Викторија, Лондон е опседнат од “Одбраните“, луѓе, повеќето жени, кои одеднаш манифестираат магични способности, некои симпатични, а некои многу вознемирувачки. Меѓу нив се Амалија Тру (Лора Донели), мистериозна вдовица, и Пенанс Адаир (Ен Скели), брилијантна млада изумителка. Тие се предводнички на оваа нова поткласа, создавајќи дом за Одбраните, додека се борат со силите на... па, скоро со сите сили – за да направат место за оние за кои во историјата каква што ја знаеме нема место.